• четврток, 21 ноември 2024

Спајиќ: Постигнат е договор со опозицијата за попис на населението во Црна Гора

Спајиќ: Постигнат е договор со опозицијата за попис на населението во Црна Гора

Подгорица, 16 ноември 2023 (МИА) - Владата на Црна Гора и претставници на опозициските партии постигнаа договор за задржување на пописот на населениетп, соопшти денеска премиерот Милојко Спајиќ, додавајќи дека овој процес ќе се спроведе од 30 ноември до 15 декември. 

Спајиќ на прес-конференција кажа дека тоа што пописот ќе го поддржат опозицијата и парламентарното мнозинство е голема работа за Црна Гора.

Тој додаде дека се уште не добиле официјален одговор од опозицијата, но оти очекува тој да биде позитивен.

-Не сакам да прејудицирам, но тоа е мој личен впечаток, изјави црногорскиот премиер.

Спајиќ нагласи дека на овој начин треба да се решаваат сите прашања.

-Тоа е на некој начин созревање на политичката сцена. Друга работа е самото одржување. Сметаме дека е добра порака да од попишувачите да почне реализацијата на програмата на „Европа сега 2“ со зголемување на нивните попишувачки надоместоци  на околу 1.000 евра, изјави Спајиќ.

Тој оцени дека тоа е „добар вовед во тоа што ќе се случува следната година“.

-Пописот ни е потребен исклучиво од технички причини, не можеме во проекти да користиме податоци од 2011 година, рече премиерот.

На прашањето дали затоа што во договорот не е наведен датумот на пописот, одржувањето на пописот може да биде предмет на одложување, Спајиќ одговори: „Отворено ја прашав опозицијата дали датумот е проблем. Тие рекоа дека не е. Проблем се условите кои мора да се исполнат“. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан