• сабота, 29 јуни 2024

Спасовски на крводарителската акција во Амбасадата на САД во Скопје

Спасовски на крводарителската акција во Амбасадата на САД во Скопје

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - На покана на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Спасовски информира дека крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

- Дарувај крв – спаси живот!, објави Спасовски. цр/са/

Фото: Фејсбук Оливер Спасовски

Остани поврзан