• вторник, 27 февруари 2024

Спасовски: Одделот за воздухопловни единици е една од најелитните единици при МВР и стожерен дел во безбедносниот систем

Спасовски: Одделот за воздухопловни единици е една од најелитните единици при МВР и стожерен дел во безбедносниот систем

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици при МВР го вбројуваме во најелитните единици во МВР, бидејќи од далечната 1969 година до денеска во овие 54 години постоење бројни генерации припадници на ОВЕ преку своите активности и залагања, но и со човечкиот потенцијал се вградија во развојот и напредокот на Министерството како битен елемент во заштитата наредот, поредокот, сигурноста и безбедноста на граѓаните и на државата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на свечена церемонија по повод 54 години од формирањето на овој Оддел што се одржува во базата на Одделот во Центарот за обука во Идризово.

Тој нагласи дека ова наследство низ годините заслужува огромен респект, но и обврска кон натамошно вложување во унапредување и осовременување на Одделот како стожерен дел од безбедносниот систем. Кога зборуваме за сегементот на оперативно дејствување на ОВЕ тој претставува еден од суштинските во полициското работење преку кој се извршуваат сите задачи од областа на антитероризмот, одржувањето на јавниот ред и мир, заштитата и спасувањето, помош при елементарн непогоди и др. полициски работи.

-Преку својот високопрофесионален пристап низ годините Одделот се изгради како важен оперативенм елемент што ги опслужува сите професионални единки и служби при МВР. ОВЕ преку своите бројни успешни активности во годините наназад воспостави високи критериуми во работењето со кои сите ние се гордееме, но поставуваме и нови големи очелкувања како во класичните полициски активности така и во бројните хуманитарно-спаистелни активности. Следствено на ова тенденцијата на раководството на МВР за модернизација и сеопфатно реформско развивање на овиој важен сегмент од безбедносниот систем укажува на нашиот респек кон улогата на овој Оддел заедно со хелипотерските единици за посебни намени, рече министерот Спасовски.

Државната секретарка во МВР на Република Словенија, Тина Хеферле истакна дека Словенија и Северна Македонија се пријателски земји кои ги поврзуваат долгогодишни врски и соработка во повеќе области. Таа при тоа ја истакна големата и како што рече искрена словенечка поддршка на членството на Северна Македонија во НАТО и за почеток на пристапни преговори со ЕУ што е докажано на многубројни начини.  Воедно, се заблагодари на земјава за помошта во справувањето со силните поплави годинава во Словенија и ја промовираше помошта во хеликоптерска опрема која Словенија во рамки на развојната помош и ја донира на Северна Македонија за зајакнување во извршувањето на полициски задачи, вклучувајќи ги и задачите на спасување личности.  

-Предавањето на хеликоптерската опрема е резултат на досегашната добра соработка помеѓу Словенија и Северна Македонија на подрачјето на воздухопловни и полициски единици која во последно време уште поинтензивно се случува во подрачје на обуката. Верувам дека таква добра соработка ќе имаме и во иднина, рече Хеферле посакувајчи безбедна и успешна работа на припшадниицте на ОВЕ при МВР.

На свеченоста се обрати и началникот на ОВЕ Ненад Алексовски кој како новина најави отворање на центар за обука на единицата. вг/ац/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан