• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните

Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните

Скопје, 11 ноември 2024

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што ја манипулира јавноста и ние ќе продолжиме да укажуваме на сите неисполнети ветувања дадени пред изборите кои сега гледаме дека не ги почитува. Гледаме катастрофален почеток на владеењето, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во дневникот на Сител телевизија.

-Денот се познава по утрото и гледаме еден катастрофален почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и многу нереализирани ветувања. Пред избори Мицкоски велеше дека Договорот од Преспа не е завршена работа сега вели дека е ремек делот на дипломатијата. Ако е ремек дело зошто го критикувавте?  Исто така велеше дека ќе обезбедат промена на Преговарачката рамка, сега гледаме дека не се случува. За неисполнетите ветувањата кои ги дадоа пред граѓаните, за променетите ставови и манипулацијата којшто ја направија СДСМ и понатаму ќе ја критикува власта, рече Спасовски.

Од друга страна рече Спасовски, СДСМ покажа иницијативност и понуди законски решенија во Собранието но и поддржа дел од законските решенија понудени од власта.

-СДСМ за законски решенија коишто смета дека се добри за граѓаните дава поддршка, таков беше примерот со пензиите, вториот момент е усвојувањето на Националната стратегија до 2044 година, којашто ја донесовме едногласно.  СДСМ поднесе Законот за минимална плата и Законот за укинување на ДДВ за производите за храна. Но мнозинството не ги поддржа. Јас не очекувам поддршка и во иднина од ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.

Владата нема план ниту за економијата ниту пак за судството и за европската иднина на земјата, додаде Спасовски потенцирајќи дека за да има консензус владата треба да достави конкретен предлог.

-Досега видовме дека Владата нема никаков план за ништо. Разговараме за ЕУ- нема план, за судство – нема план, за економија -нема план. Без план не може да се оди напред.  Мора да дојде предлог од стана на Владата, од Мицкоски, да биде понуден пред сите политички партии и пред јавноста, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

Остани поврзан