Спасовски и Недева најдобри за 2023 во изборот на МТКФ
- Македонската традиционална карате федерација ги избра најдобрите за 2023 година.

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Македонската традиционална карате федерација ги избра најдобрите за 2023 година.
Во конкуренција на сениори/младинци за најдобри се прогласени Сашо Спасовски и Јадранка Недева.
Од јуниори/кадети најдобри во машка и женска конкуренција се Матеј Мангаровски и Антонија Белазелкоска.
- Минатата година беше една од најуспешните за македонските каратисти во традиционално карате кои освоија над 100 медали од меѓународните натпревари во сениорска, младинска, јуниорска, кадетска и детска категорија. Тие во 2023 година настапија на: ИТКФ Балканскиот шампионат во Скопје, ИТКФ Светскиот куп во Грција и Полска, Европскиот Куп во Холандија и Европскиот шампионат во Словенија, стои во соопштението на МТКФ.
За тренери на годината прогласени се Дејан Недев и Аљоша Недев, додека најдобри судии измината година беа Кочо Василев и Ангеле Јовановски. зс/