Спасовски за Курбан Бајрам: Имаме заедничка определба за соживот, дијалог и соработка за подобра иднина
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед, кои го слават празникот Курбан Бајрам.
Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед, кои го слават празникот Курбан Бајрам.
- Дозволете во свое и во име на МВР да ви упатам честитки, вам и на вашите семејства, по повод Курбан Бајрам, празникот на благородните дела и хуманите вредности, со желби за добро здравје и просперитет. Нека утринската молитва низ џамиите во земјава избрише секаков сомнеж во срцата на верниците - времето на неизвесност е зад нас! Во нашето едно општество за сите имаме заедничка определба за соживот, дијалог и соработка за подобра иднина на сите нас, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.
Во традицијата на меѓусебна почит и разбирање, како што наведува, посакувам овие свети празнични денови, по завршувањето на годишниот аџилак во Мека, за сите верници да бидат исполнети со радост и духовен мир. мд/са/
Фото: Фејсбук на Спасовски