• недела, 22 декември 2024

Спасовски за убиството на Вања: Прострелна рана е во прашање, пронајдени се два пиштола во Скопје

Спасовски за убиството на Вања: Прострелна рана е во прашање, пронајдени се два пиштола во Скопје

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прашање дали 14-годишната Вања била задушена или починала од прострелна рана, рече дека се работи за прострелна рана.

- Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање, рече Спасовски на вонредната прес-конференција на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски - Палчо.

Во однос на тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот Спасовски рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето. 

Тој потврди и дека полицијата го има пронајдено мобилниот телефон на Вања.

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во неделата на 3 декември е пронајдено нејзиното тело во Бразда во околината на Скопје. хс/бак/

Фото. МИА

Остани поврзан