• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните во недела во Охрид

Спасовски: Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните во недела во Охрид

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Седми Мај - Денот на полицијата, на полициските службеници кои се практично хероите на нашето време, годинава ќе го одбележиме заеднички со граѓаните во недела, во Охрид, во присуство на голем број домашни и странски гости, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

-Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните, согласно нашето мото - Полицијата во служба на граѓаните - кое последниве неколку години со засилена динамика го преточуваме во практика, па овојпат ја имаме честа да бидеме меѓу охриѓани, како наши домаќини. И, второ, сѐ повеќе гости од наши пријателски и партнерски земји ни укажуваат чест на овој ден, па таа меѓународна димензија на овој настан уште повеќе ја нагласува свеченоста на Денот на нашата полиција.“, потенцираше министерот Спасовски во денешното гостување во утринската програма на МТВ.

Спасовски истакна дека оваа година 7 Мај е дополнително значаен бидејќи Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи се домаќини и на јубилејната 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се совпаѓа со уште еден убав јубилеј - 30-годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.

-Горд сум што нашата држава ја доби довербата да ја организира оваа јубилејна конференција на најголемата светска полициска организација ИНТЕРПОЛ. Ќе имаме 123 високи делегати, со присуство на претседателот, генералниот секретар и извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ, министри, директори на полиции и други високи гости. Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ е најголемата меѓународна полициска организација, во која членуваат 194 земји од светот. Формирана е во 1923 година, со цел да ја олесни меѓународната полициска соработка, како и да им даде поддршка и помош на сите организации, служби и сервиси, чија задача е превенција и борба против меѓународниот криминал. Нашата држава станува членка на ИНТЕРПОЛ на 62 Генерално собрание одржано 1993 година во Аруба, рече министерот Спасовски.

Свечената прослава на празникот на македонската полиција ќе се одржи во Охрид на сцената на Долни Сарај на 7 мај во недела со почеток од 18 часот, а ќе има и пренос на МТВ. вг/aa/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан