Спасовски: Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа - најдобриот избор е Медат Куртовски
- Членот на ЦО, Оливер Спасовски денеска се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.

Скопје, 18 август 2022
Членот на ЦО, Оливер Спасовски денеска се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.
"Скудриње знае дека најдобариот избор за Маврово и Ростуше е Медат Куртовски. Медат тука ја донесе првата градинка, асфалтирани улици, реконструиран е локалниот пат во должина од 2.5 километри, изграден е дел од канализациона мрежа изработени се и шахти за приклучок на мрежата, извршена е санација на доводната цевка која поминува низ река Радика обезбеден е сигурен проток на водата до Скудриње и многу други проекти. Медат работи вредно и домаќинско. Не ги дели граѓаните, туку ги сполотува, правејќи улици кои ги поврзуваат населените места. Таков градоначалник му треба на Маврово и Ростуше", рече Куртовски.
Во Скудриње е изграден е и потпорен ѕид на локалниот на местото каде што се појави свлечиште. Со ова е зголемена безбедноста иа жителите и возилата.
Во наредниот период, предвидена е да се изградат улици во населбата Падина и Шуплица. Скудриње ќе добие и нов паркинг простор, а ќе се уреди и паркингот во месноста Бигорец. За најмалите ќе се уреди детско игралиште, а ќе се исчистат и уредат дивите депонии.
Жителите на Маврово и Ростуше знаат дека со Медат Куртовски ќе продолжи развојот на општината со секое населено место.
СДСМ е гарант дека ветеното се исполнува, граѓаните ја препознаваат разликата и затоа в сабота, на 20 август, нивната поддршка и доверба е за Медат Куртовски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

