• петок, 27 декември 2024

Спасен државјанин на Северна Македонија на Халкидики, се трага по уште две лица

Спасен државјанин на Северна Македонија на Халкидики, се трага по уште две лица
Атина, 9 јули 2022 (МИА) – Државјанин на Северна Македонија е спасен, а по две лица се трага во Посиди на првиот крак на Халкидики, откако тројцата влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, јави дописничката на МИА од Атина. Не постои официјална потврда дали и исчезнатите две лица се македонски државјани. Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина потврдуваат дека спасениот е од Северна Македонија, станува збор за 25-годишно момче и е во добра здравствена состојба, додека пак спасувачката акција што е во тек за пронаоѓање на двајцата исчезнати, чиј идентитет и националност не се познати, е во услови со силен ветер од пет до шест бофор. Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство. ср/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан