Крива Паланка го започна празнувањето на Денот на ослободувањето - 8 Октомври
- Со свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка започна одбележувањето на Денот на ослободување на градот, 8 Октомври и прославата на јубилејот „80 години слободна Крива Паланка".
Крива Паланка, 7 октомври 2024 (МИА) - Со свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка започна одбележувањето на Денот на ослободување на градот, 8 Октомври и прославата на јубилејот „80 години слободна Крива Паланка".
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, во својот говор се осврна на развојот на градот низ историјата, реализираните проекти, инвестициите и резултатите од сите области, потенцирајќи дека работата за градот е негова најголема обврска, израз на привзраност и посветеност на секоја нова иницијатива, секој проект и нова идеја.
-Местото што го нарекуваме наш дом, нашиот град, нѐ инспирира и обврзува да создаваме, а љубовта и почитта се вредности што ќе не водат по тој пат. Градот е велат силен, толку колку што се силни неговите граѓани, затоа ајде сите заедно да работиме и да градиме мостови кои не поврзуваат и сплотуваат, а не бедеми кои не разделуваат, порача Митовски.
На свечената седница, градоначалникот Сашко Митовски и градоначалникот на Врање, Република Србија, Слободан Миленковиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу градовите, а беше потпишана и иницијатива за воспоставување соработка помеѓу Крива Паланка и град Бузет Република Хрватска, со цел развој на меѓусебни економски, културни и други општествени врски, во насока на поттикнување и развој на локалните заедници.
Советот ја усвои одлуката за доделување на највисоката награда на градот „8 Октомври“ и за доделување признание за промоција и развој на Општина Крива Паланка за 2024 година.
Денот на ослободувањето на Крива Паланка се одбележува со богата дводневна агенда и повеќе свечености, на кои ќе присуствуваат голем број гости од општината, од соседните и од збратимените градови од другите држави.
Денеска официјално ќе биде пуштен во употреба реконструираниот мост на Крива Река, т.н. "Виолетов мост", вечерва во НУЦК Крива Паланка ќе се одржи концерт "Најубавите песни од Тоше Проески" на НУ Камерен оркестар на Битола.
Утре ќе биде положено цвеќе на споменикот на борците од НОБ пред зградата на локалната самоуправа, по што ќе се одржи свечена академија, доделување на општинските награди и „Шопска софра".ид/са/
Фото Општина Крива Паланка