• недела, 22 декември 2024

Со проекција на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ во Кинотека заврши Фестивалот на грчки филм

Со проекција на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ во Кинотека заврши Фестивалот на грчки филм

Скопје, 10 април 2024 (МИА) - Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис.

Амбасадорката Филипиду се заблагодари на соработката на Фестивалот Киненова и на Кинотеката на Северна Македонија и посочи дека филмот на Ева Натена со кој се затвора годинешното издание говори за една измачена постара жена која што убива женски новороденчиња за да ги спаси од нивната темна судбина.

„Жена-убиец“ е втора адаптација на истоимениот роман по онаа на Костас Ферис од 1974 година и  жестоко ја отвора темата на доминација на машкиот над женскиот пол, на жената како жртва на цврсто вкоренетите традиции, обичаи кои долго време биле зацрврстени дури и во позитивното грчко законодавство. Се работи за филм кој е заснован на настани кои реално се случиле.

На присутните со видео – порака им се обрати и режисерката Ева Натена, која се заблагодари на организаторите на Фестивалот и вети дека во октомври ќе допатува во Скопје. 

Ова издание на фестивалот се одржа од 7 до 9 април во Скопје и од 8 до 10 април во Битола и ја понуди есенција на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно шест филмови - три долгометражни и три кратки филмови. дма/

Фото: Фестивал на грчки филм 

 

 

Остани поврзан