• понеделник, 25 ноември 2024

Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024

Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, во Домот на АРМ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено 15 - то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката.

Како што е најавено од организаторите, на отворањето на фестивалот обраќање ќе има и режисерот на филмот Игор Вртачник.

Ова издание на фестивалот ЕХО, е посветено на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, предавања на многу различни теми.

Темата на фестивалот опфаќа планински спортови, еколошки филмови, документарни филмови што ја отсликуваат врската помеѓу човекот и природата.

Детските работилници, како што е најавено, ќе се одржат во  ЕУ Хаус, освен една која ќе биде демонстрација на поставување на фото замки за диви животни од страна на Македонското еколошко друштво, која ќе се одржи во дворот на Кинотеката. Работилницата „Планински креативен документарен филм“ е исто така во Кинотека на РМ.

- Имаме три филмски жирија, Главно жири составено од Трифун Ситниковски, Златко Ѓелески и Маја Мухич, Еколошко жири составено од членови на Македонското еколошко друштво, жири за најдобар алпинистички и качувачки филм, составено со членови на Македонската алпинистичка федерација, и жири за најдобар ски/сноуборд филм. На фестивалот за конкурсот за најдобра фотографија ќе оценува и жири за најдобра планинска фотографија, составено од членови на зрно фестивалот, соопшти тимот на ЕХО.

Додаваат дека секоја вечер освен отворањето и затворањето на фестивалот, ќе има по некоја презентација или панел дискусија. цр/вг/

Фото: Тимот на ЕХО

Остани поврзан