• сабота, 21 декември 2024

Со модна ревија од рециклирачки материјали заокружена „Европската зелена недела“ во Крива Паланка

Со модна ревија од рециклирачки материјали заокружена „Европската зелена недела“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 9 јуни 2023 (МИА) - Во чест на „Зелената недела“ посветена на заштита на животната средина, денеска Национална установа Центар за култура Крива Паланка заедно со Европската куќа Крива Паланка организираа модна ревија на креации од рециклирани материјали, на која учествуваа ученици од основните училишта од Крива Паланка, Ранковце и Липково со нивните ментори.

- Оваа модна ревија има за цел да ја промовира повторната употреба на еко- материјалите и да ги вовлече учениците во одржлива модна индустрија. Секој од моделите претставува уметничко и креативно искуство, кое покажува дека рециклирањето и повторната употреба на материјалите може да имаат оригиналност и вредност. Оваа ревија е повеќе од моден настан, таа е прилика да го подигнеме нивото на еколошка с, а сите модели прикажаа колку е важно да бидеме активни во решавањето на  проблемите со отпадот, информираат од Европската куќа, Крива Паланка, кои обезбедија и награди за најдобрите и најоригинални креации.

Присутните ја проследија и изложбата од неодамна одржаната работилница „Она што за некого е парче отпад за други е парче уметност" во организација на НУ Центар за култура, Крива Паланка, реализирана под менторство на Фросина Стојчевска.

Инаку, Европската куќа Крива Паланка со низа активности ги одбележа Зелената недела и меѓународниот ден на животната средина, 5 јуни.

- Оваа недела ја заокруживме со модната еко-ревија, но целата недела поддржавме и реалзизиравме настани посветени на тема екологија и заштита на животната средина. На една од работилниците со младите од регионот говоревме за рециклирање и намалување на користење пластични производи за една употреба, со цел промена на практиките и навиките со што можеме да ја заштитиме средината од загадување со пластика. Организиравме настан посветен на светскито ден на велосипедизмот, насловен „На две тркала кон позелена иднина“. Според Европската федерација на велосипедисти автомобилите испуштаат околу 271g CO2 на секој изминат километар, а со возењето во јавен транспорт како што се автобусите, емисиите на CO2 се намалуваат двојно. Велосипедизмот е убедливо најдоброто решение во споредба со наведените превозни средства и создава десет пати помалку CO2 емисии од автомобилите, односно 21g на километар, се само дел од пораките искажани на анстанот кој вклучи и велосипедска обиколка низ градот, додаваат од Евроспка куќа, Крива Паланка.

Во рамки на „Европската земелна недел“,  учениците од СОУ Ѓорче Петров - Крива Паланка заедно со нивните врсници, еко-ентузијасти со исти цели за градење одржливо општество со нула отпад, одржаа работилница за споделување на стекнатите знаења  на оваа тема во Еразмус + проект.

- Овие зелени херои демонстрираа и конкретни чекори за нивна имплементација и реалните придобивки за животната средина и човековото здравје од истите. Големо браво за овој Еразмус тим кој остава позитивни примери што треба да ги следат сите генерации. Во глобалната акција за спасување на планетата Земја, децата земаат централно место бидејќи се работи за нивната иднина како и на земјата на која и со која ќе живеат. Подигнувањето на свеста за потребата од заштита на околината, но и стекнување со основните информации за сите медиуми во животната средина преку конкретни научни истражувања, се основни предуслови да се почувствува соживување со проблемите но и да се стекне мотив за активно вклучување во сите фази на заштита. Учениците од Крива Паланка и Ранковце беа дел од базарот на зелени вештини за позелена иднина во нашата куќа и преку квизови за знаење, игра, дружба и експерименти ги демонстрираа последиците од загаденост на почвата, воздухот и водата, додаваат од Европската куќа Крива Паланка. ид/цр


Фото: МИА

Остани поврзан