• четврток, 25 јули 2024

Со модна ревија и тивка аукција ќе се заокружи проектот „Клуч за сопствен бизнис“

Со модна ревија и тивка аукција ќе се заокружи проектот „Клуч за сопствен бизнис“

Велес, 29 февруари 2024 (МИА) - Десет модни креациии од кои осум вечерни тоалети и два модни свечени комлета, утревечер  во 19:00 часот во фоајето на велешкиот театар Јордан Х.К-Џинот“, ќе бидат претставени на модната ревија којашто е завршен настан на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ . Модните креации кои потоа ќе бидат понудени на тивка аукција се изработени од велешките средношколкци кои се обучуваа во рамките на овој проект во изминатите шест месеци.

Како што информира на денешниот прес Убавка Јаневска од Фондација „Фокус“ која го реализира проектот, по завршување на обуките младите средношколци ќе се стекнат и со сертификат за работа за моден и декоративен дизајн, кој освен за нивна самостојна работа во земјава ќе биде важечки и во странство.

-Сертификатите што деновиве  ќе ги добијат  62 средношколи од велешките средни училишта, од кои 30 за моден дизајн и 32 за декоративен дизајн за нивната успешно завршена обука, се веќе сретифицирани во Центарот за образование на возрасни, а сега постапката привршува и во Министерството за образование. Деновиве го очекуваме и овој сертификат  и  во моментот кога ќе го добиеме  овој  сертификатот сите учесници кои успешно ја завршија оваа обука ќе можат  да го започнат својот прв бизнис во земјава или во странство, појасни Јаневска.

Воедно додава  дека останува да  верифицира простор  во коишто тие  овие обуки ќе се одржуваат и понатаму за да можат да произведуваат нови генерации на млади и возрасни граѓани, коишто ќе се пронајдат и гледаат шанса во овие два бизниси.

 Таа информира  дека учесниците од месец септември лани досега  посетиле 16 обуки на коишто најпрво го совладале теоретскиот дел, а потоа во декоративен дизајн имале можност и да изработуваат скици, цртежи за внатрешен интериер, за изработка на предмети од дрво и слично, додека во модата имале шанса да започнат од технички, а да завршат до цртеж за модел.

-Учениците посетуваа и практичната работа за којашто сме презадоволни. Тие што беа во групата за Моден дизајн заесно  со модниот дизајнер Катерина Чукниева и обучувачката м-р Соња Пљакова ги подготвија  десетте модели коишто утревечер ќе бидат прикажани на модната ревија. Декоративците кои заедно со обучувачката дипл. инг.  архитект  Цветанка Саздова, за жал немаа шанса да ги изработат предметите кои ги направија на скица.  Но тоа не значи дека ќе застанеме тука, ние како проектен тим и понатаму сме спремни да ги исполниме дел од желбите на учесниците  и тоа ќе го направиме многу скоро..Целта ни е   да оставиме едно трајно одбележје во градот дека оваа е  прва генерација на средношколци од Велес, а кои  освен во модниот покажаа и  исклучителни резултати и во декоративниот дизајн, потенцира Јаневска.

Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ во изминатите девет месеци се спроведуваше  во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидинетите  Нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес.ад/са/

Фото: МИА

Остани поврзан