• среда, 17 декември 2025

Со измените на Законот за туристичка дејност се укинува Агенцијата за промоција на туризмот, вработените преминуваат под Министерството за култура

Со измените на Законот за туристичка дејност се укинува Агенцијата за промоција на туризмот, вработените преминуваат под Министерството за култура

Скопје, 23 јуни 2025 (МИА) - Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање. 

Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам. 

Со измените, меѓу другото, се предвидува министерот за култура да го формира Советот за промоција и поддршка на туризмот и да се доделуваат субвенции за туризмот. 

Според предлагачот, целта на законските измени е институционално унапредување на туристичките политики, зголемена ефикасност и централизирано планирање и синергија меѓу културата и туризмот. бак/са/

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан