• сабота, 19 април 2025

Сочувство за трагедијата во Кочани од Комитетот за национални малцинства на Албанија

Сочувство за трагедијата во Кочани од Комитетот за национални малцинства на Албанија

Дебар, 19 март 2025 (МИА) - Сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани изрази Комитетот за национални малцинства на Албанија, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.

- Комитетот за национални малцинства изразува длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани во земјата. Ги упатуваме нашите најискрени молитви и најдобри желби за брзо и целосно закрепнување на повредените, стои во објавата.

Комитетот за национални малцинства е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинствата признати со Законот за малцинства, а претседател е Константина Бежани, претставничка на грчкото малцинство. 

Член на Комитетот е и Марјана Костофски - Фелах, претставник на македонското малцинство. вт/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан