• сабота, 17 февруари 2024

Состојка опасна за црниот дроб и белите дробови е пронајдена во чај од Хрватска направен од листови нане од Србија

Состојка опасна за црниот дроб и белите дробови е пронајдена во чај од Хрватска направен од листови нане од Србија

Брисел, 6 декември 2023 (МИА) - Системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија (RASFF) на својата веб-страница објави дека се повлекува уште еден производ. Станува збор за чај од нане од Хрватска со суровина, листови од нане, купен во Србија, бидејќи се пронајдени пиролизидински алкалоиди во чајот, јави дописникот на МИА од Белград

Како што предупредува РАСФФ ризикот по здравјето може да биде сериозен.

Пиролизидинските алкалоиди (ПА) можат да бидат многу токсични за луѓето, наведе независната компанија ЕПО која произведува висококвалитетни ботанички екстракти. Пиролизидинските алкалоиди ги произведуваат растенијата за да се одбранат од штетници и тревопасни животни и се идентификувани во приближно 6.000 ботанички видови.

Овие состојки можат да бидат многу опасни за црниот дроб и белите дробови, а случаите на токсичност на црниот дроб од внесување растенија со овие супстанции датираат од 1920-тите.

Најголеми ризици се за големите консументи на чаеви, билни инфузии и мед, но може да се контаминира и добиточната храна. Пиролизидинските алкалоиди можат да навлезат во оваа храна преку самоникнати растенија или во случај на мед.

Хрватската агенција за храна (ХАХ) наведува дека пиролизидинските алкалоиди во високи дози може да доведат до откажување на работата на црниот дроб, што може да резултира со смрт. Вообичаените хронични ефекти на ПA вклучуваат оштетување на црниот дроб, како и оштетување на белите дробови. об/рп/

Остани поврзан