• недела, 22 декември 2024

Состојба на патиштата

Состојба на патиштата
Скопје, 9 август 2022 Од 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница с.Маврово – с.Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија: Од 01.07.2022 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2: Од 01.07.2022 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје - Охрид - Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” - Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник 05.04.2022, ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга - Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 - 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар. Ве известуваме дека поради изведување на санациони работи од 07.03.2022 година, мостот на река Кумановка на Р1204 делница Куманово – Свети Николе во наредните 6 месеци ќе биде затворен за сообраќај. ”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница. СТРАБАГ АГ известува за времена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 делница Велес – Неготино, за изградба на клучка Градско како дел од автопатот А1. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лента и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон г. п. Богородица и во правец на г. п. Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци. ДГТ Жикол гизвестува дека поради изградба на наплатните станици на патниот правец Миладиновци - Свети Николе - Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим. ДГ Бетон АД - Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец - Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. На патниот правец А2 Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење. ГД Гранит врши рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево - Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Се изведува делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите се одвива по една сообраќајна лента. ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА СПОРЕД УХМР Времето денес (09.08.2022 год.): Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, на места засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ=8 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 34 °C, P= 978 hPa, U= 35 %, V= 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер) НАЈАВА: Од утре до недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.   ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР Тел. (02)15-555   ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан