• среда, 15 мај 2024

Состанок на претседателството на Алијансата за Албанците по изборните резултати во Тетово

Состанок на претседателството на Алијансата за Албанците по изборните резултати во Тетово
Скопје, 21 август 2022 (МИА) - Претседателството на Алијансата за Албанците вечерва одржува состанок во Тетово на кој се разгледуваат резултатите од вчерашните избори за советници во општина Тетово, а ќе се разговара и за оставка на лидерот на партијата Зијадин Села. На вчерашните избори во Тетово, Алијанса за Албанците не освои ниту едно советничко место. По завршување на состанокот најавена е прес-конференција. фф/бак/

Остани поврзан