Сослушувања за потврда за номинацијата на Трамп за американски државен секретар се закажани за 15 јануари
- Сослушувањето на републиканскиот сенатор Марко Рубио, висок член на Комитетот за надворешни односи и кандидат на Трамп за државен секретар, ќе се одржи на 15 јануари.
Вашингтон, 8 јануари 2024 (МИА) - Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат следната недела ќе одржи сослушување за потврдување на номинацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен секретар, изјави портпаролот на комисијата.
Сослушувањето на републиканскиот сенатор Марко Рубио, висок член на Комитетот за надворешни односи и кандидат на Трамп за државен секретар, ќе се одржи на 15 јануари. Се очекува номинацијата да биде потврдена бидејќи републиканците имаат мнозинство во Сенатот.
Портпаролот, исто така, рече дека датумот за сослушување на републиканката во Претставничкиот дом на САД, Елис Стефаник, која беше номинирана од Трамп за амбасадор на САД во Обединетите нации, се уште не е одреден. зш/