• петок, 22 ноември 2024

Соопштување на добитникот на наградата „Роман на годината“

Соопштување на добитникот на наградата „Роман на годината“

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на годинашниот лауреат.

Како што информираат организаторите на настанот, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

Петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година се „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или - или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“).

Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, претседател и минатогодишен лауреат, Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, претставник на Фондацијата.

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат.

Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.бт/мд/

Фото: Фондацијата „Славко Јаневски“

 

Остани поврзан