• петок, 22 ноември 2024

Соопштение од Независниот синдикат на полицијата (НСП)

Соопштение од Независниот синдикат на полицијата (НСП)

28 декември 2023

ПРЕКУ:

МВР на РСМ

ДO:

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА И ПОСТАПКА ОД РАБОТЕН ОДНОС ВО ВТОР СТЕПЕН

 

П Р И Г О В О Р

 

На РЕШЕНИЕ бр. 22.6.1.1-122314/11 од 15.11.2023 година од Министерот за внатрешни работи, поради:

 

- Погрешно утврдена фактичка состојба

- Погрешна примена на материјалното право и

- Повреда на постапката

Со побиваното РЕШЕНИЕ бр. 22.6.1.1-122314/11 од 15.11.2023 година, на мене, Билјана Сталетовиќ ми е изречена парична казна во износ од 15% од последната исплатена нето плата во траење од 3(три) мессеци.

 

-Доказ:РЕПЕНИЕ БР. 22.6.1.1-122314/11 од 15.11.2023.

 

Имено, самиот основ на по кој е поднесен предлогот за дисциплинска постапка е целосно не точен и н нелогичен од причина што со мојата здравствена состојба сум приморана да користам чести и долготрајни боледувања со што постапката за отворање на боледување и известување на работодавачот ми е добро позната, што може да се види од самото решение, така што повредата за која ми се става на товар целосно ја отфрлам како неточна, односно тоа дека писмено не сум го известила Министерството во рок од 48 часа. Најодговорно тврдам дека тоа е сторено како и сите останати боледувања со приложување на медицинска потврда во организационата единица каде работам.

 

Самиот предлог за дисциплинска постапка, ниту било каква покана воопшто не ми се доставени со што целосно го отфрлам тврдењето дека сум била уредно поканета, а не сум била присутна на расправата иако од самото Решение воопшто не е наведен датумот кога дисциплинската расправа е одржана, прекината и продолжена за што барам од комисијата да го побара записникот од дисциплинската расправа и да ги утврди наводите што ги потенцирам затоа што се сомневам дека ваква расправа воопшто е одржана.

 

Дополнително сакам да укажам дека во последните 3 години поради мојата здравствена состојба сум во континуитет отсутна поради боледување, а согласно позитивно правните прописи правата на работниците мируваат додека се на боледување/годишен одмор поради што комисијата не смеела да донесе воопшто вакво решение кое ми е доставено на мојата домашна адреса иако уште еднаш потенцирам дека ниту сум известена за поднесен предлог ниту закажана дисциплинска расправа.

 

На крај сакам да заклучам дека согласно колективниот договор на

Министерството постојат субјективни и објективни рокови на застареност, односно дисциплинската постапка доколку имало сомнеж за било каква повреда требало да се почне не подоцна од 6 месеци од дознавањето за повредата, а требало да се заврши најдоцна во рок од година дена што воопшто не е случај со ова Решение од кое може да се заклучи дека сите рокови се одминати, а дополнителен сомнеж во постапката дава и самата наводна изјава на претставникот на синдикат кој за мене изјавил дека уредно и навремено ги извршувам работните задачи, а јас воопшто не сум била присутна на работното место неколку години.

 

Имајќи го предвид горе наведеното, предлагам РЕШЕНИЕ бр. 22.6.1.1-122314/11 од 15.11.2023 година на Министерот за внатрешни работи да биде поништено како НЕЗАКОНИТО, а паричните средства одземени по основ парична казна да ми бидат вратени.

Помошник генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Мартин Ефремов 

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук на НСП

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан