• сабота, 22 февруари 2025

Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Скопје, 11 јануари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози.  Како што информира Автомотосојузот на Македонија во извештајот од 13 часот, снег провејува на патните правци Тетово – Попова Шапка, Гостивар - Стража, Делчево и Страцин, но не се задржува на коловозот.

-Намалена видливост поради магла има во Крушево – 100 метри и на планинските премини Стража – 100 метри и Плетвар – 100 метри, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан