• среда, 29 мај 2024

Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци

Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - На патниот правец Берово - Будинарци има одрони од камења каде се зафатени двете коловозни ленти од патот, при што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Фото: МИА

Остани поврзан