Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот село Лисец – Попова Шапка
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира АМСМ.
Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. лв/
фото: МИА архива