• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот непречено по влажни коловози

Сообраќајот непречено по влажни коловози

Скопје, 26 октомври 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира вечерва АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.лв/аа/

фото: МИА архива 

Остани поврзан