Сообраќајот непречено по влажни коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
![Сообраќајот непречено по влажни коловози](https://mia.mk/images/20240520073225_big_730x400_29.webp )
Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. вг/
Фото: МИА Архива