• петок, 22 ноември 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Од 18.08.2022 до 19.09.2022 на патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Од АМСМ информираат дека работите се изведуваат само во работни денови. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. цр/

Остани поврзан