Сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла
- Поради сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла сообраќајот на магистралата А3 која е дел од патот Делчево - Македонска Каменица во моментот се одвива со насоки од страна на сообраќајната полиција.

Делчево, 28 април 2023 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла сообраќајот на магистралата А3 која е дел од патот Делчево - Македонска Каменица во моментот се одвива со насоки од страна на сообраќајната полиција.
Во несреќата учествувале две возила голф и сеат, а во истата, според очевидци, нема повредени, информација која ја потврдија и од полицијата.
Се работи на расчистување на теренот и утврдување на причините за несреќата. Апелираа до сите кои се движат на магистралата А3 и споменатиот правец на почитување на сообраќајната сигнализација и намалување на брзината кај споменатата делница. вс/цр
Фото:МИА