• сабота, 06 јули 2024

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Сончево со слаб до умерен северен ветер
Скопје, 10 април 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува на североистокот и во долниот тек на Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од 14 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер Утринската температура ќе достигне до три  степени, а дневната температура до 23 степени. Од сабота следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.

Остани поврзан