• четврток, 22 август 2024

Сончево со северен ветер

Сончево со северен ветер

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 17, а максималните ќе достигнат до 34 степени.

В петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи. фф/мд/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан