• сабота, 28 септември 2024

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер
Скопје, 5 февруари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови. Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени. Во Скопје сончево со мала, а попладне умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени. Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец. Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови. Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.

Остани поврзан