Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец
![Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец](https://mia.mk/images/20240220212848_big_730x400_52.webp )
Скопје, 21 февруари 20245 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.