• понеделник, 13 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во среда ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота.

Остани поврзан