• четврток, 26 март 2026

Сончево и топло со температури до 36 степени

Сончево и топло со температури до 36 степени

Скопје, 6 септември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според УХМР, времето во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе биде претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. сст/лв/

Фото МИА архива

Остани поврзан