• четврток, 11 јули 2024

Сончево и топло со мала облачност

Сончево и топло со мала облачност

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура

Остани поврзан