• среда, 12 јуни 2024

Сончево и топло, максимална температура до 28 степени

Сончево и топло, максимална температура до 28 степени

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури од 23 до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат сончево и топло време до вторник кога се очекува слаб локален дожд и опаѓање на дневната температура. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан