• понеделник, 02 септември 2024

Сончево и топло до 36 степени

Сончево и топло до 36 степени

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

УГМР најавува дека следува период на претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде во попладневните часови ќе има ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат без значителни промени.са/

Фото: МИА 

Остани поврзан