• сабота, 06 декември 2025

Сончево и многу топло

Сончево и многу топло

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и  многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),  и утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан