Сончево со мала до умерена локална облачност
- Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, информираат од УХМР.

Скопје, 28 март 2021 (МИА)- Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, информираат од УХМР.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Според информациите од Управата за Хидрометеоролошки работи во наредните денови следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите, додека пак во вторник и среда ни претстојат локални слаби врнежи од дожд.свс/лв/