• сабота, 20 декември 2025

Сомнителен коверт откриен во грчкиот Парламент

Сомнителен коверт откриен во грчкиот Парламент

Атина, 8 јули 2025 (МИА) – Коверт со сомнителна содржина, неофицијално адресиран до премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, а испраќач од Русија, бил откриен рано утрово во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција информираа дека интервенирале 12 пожарникари со еден специјален тим и четири возила за собирање на сомнителниот коверт.

Подоцна, ковертот го презела грчката полиција и бил предаден на Националната организација за јавно здравје за да изврши дополнителни испитувања за содржината.

Во поштата доставена до Парламентот, бил откриен ковертот и означен како сомнителен, по што била спроведена операцијата на Противпожарната служба и полицијата.

Неофицијално, испраќач на ковертот било лице од Русија, а бил адресиран до грчкиот премиер.

Според грчките медиуми можно е ковертот да содржи прав. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан