• четврток, 08 август 2024

Полицијата во Најроби фрли солзавец врз демонстраните кои бараат оставка од шефот на државата

Полицијата во Најроби фрли солзавец врз демонстраните кои бараат оставка од шефот на државата

Најроби, 8 август 2024 (МИА) - Полицијата во Најроби денеска фрли солзавец врз демонстрантите кои бараат оставка од кенискиот претседател Вилијам Руто.

Протестите во главниот град Најроби, почнати на крајот на јуни поради високите цени и недостигот, беа организирани од активисти незадоволни од политиката на претседателот Руто, кој ја смени владата дури оваа недела, но дури по големите протести. Според Националната комисија за човекови права на Кенија, повеќе од 50 луѓе се убиени за време на демонстрациите кои траат повеќе од еден месец.

Претпријатијата во градот се затворени, а јавниот превоз е делумно во прекин. Полицијата постави блокади на патиштата кон Најроби за да ги спречи демонстрантите да пристигнат. Блокиран е и пристапот до претседателската резиденција, каде што новите министри положија заклетва.

Руто вчера ги осуди протестите и ги повика Кенијците да не се приклучуваат, велејќи дека оние кои сакаат промени можат да гласаат на изборите во 2027 година.

Протестите во Кенија почнаа на 18 јуни со барања пратениците да гласаат против контроверзниот закон за финансии со зголемување на даноците поради високите трошоци за живот, а демонстрантите упаднаа во Парламентот на 25 јуни откако пратениците не ги послушаа. 

Претседателот дури по серија протести одби да го потпише законот и го врати назад во Парламентот, велејќи дека „го слушнал гласот на Кенијците кои не го сакаат законот“, но предупреди дека ќе има последици за економијата и финансиите.

Протестите продолжија со повици до претседателот да поднесе оставка поради погрешно владеење, корупција, некомпетентност во неговиот кабинет и недостиг на одговорност. Руто ги разреши сите министри освен еден, но протестите продолжија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан