• петок, 22 ноември 2024

Советот на градоначалници од Источниот плански регион одбра четири приоритетни проекти за идната година

Советот на градоначалници од Источниот плански регион одбра четири приоритетни проекти за идната година

Виница, 22 декември 2023 (МИА) - Советот на градоначалници и Центарот за развој на Источниот плански регион денеска во Виница одржаа седница на која беа утврдени четири од предложените шест приоритетни проекти за реализација во текот на идната година.

Конечниот избор на проектите за кои ќе биде обезбедена финансиска поддршка ќе биде направен на форумска сесија на која треба да учествуваат претставници од локалните самоуправи, невладините организации, бизнис секторот и граѓани од регионот.

-Градоначалниците одлучуваа што ќе работи Центарот за развој и за што ќе аплицираме во нашата програма за рамномерен регионален развој идната година, при што дадоа согласност да продолжи унапредувањето на енергетската ефикасност во образовните објекти во повеќе општини. Исто така, поддршка доби и програмата за заштита на животната средина преку набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад, како и за одржување на хигиената во урбаните подрачја. Ќе продолжи и проектот за замена на уличното осветлување со енергетски штедливи ЛЕД светилки, како и набавка за одржување на возило за одржување на осветлувањето што ќе биде во функција на повеќе општини по основ на договор за меѓуопштинска соработка, истакна Зуица Ангелова, раководителка на Центарот за развој на Источниот плански регион.

Градоначалниците од единаесетте општини од регионот дадоа согласност и да се аплицира за изработка на урбанистичка и техничка документација за изградба на регионален стационар за згрижување на бездомни кучиња.

На седницата беше нагласено дека планот за работа на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2024 година е поамбициозен, но во согласност со аплицираните проекти се очекуваат дополнителни средства. Планираната буџетска рамка за реализација на планираниоте проекти е во максимален износ од 250 милиони денари. та/сст/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан