Советот на Амбасадори на Северна Македонија го поздрави именувањето на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
- Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот.
Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот.
-Тоа е голем успех во нејзината политичка кариера, но уште поголем успех на Република Северна Македонија, зашто поставувањето личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбедност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнатост, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати, се вели во соопштението на Советот.
Честитајќи и го именувањето на Радмила Шекеринска за Заменик ГС на НАТО, Советот смета дека тоа е потврда за нејзините лични, професионални и организациски квалитети. Советот на Амбасадори верува дека новата заменичка генерален секретар на НАТО, Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот.
-Во исто време, Република Северна Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно делување во НАТО, потенцираат од Советот на Амбасадори.бт/дма/
Фото: МИА архива