• недела, 22 декември 2024

Министерот Љутков во Баку ќе учествува на Првиот министерски состанок за климатска акција во туризмот

Министерот Љутков во Баку ќе учествува на Првиот министерски состанок за климатска акција во туризмот

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре во Баку ќе учествува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во рамки на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.

- Претседателството на КОП29 за прв пат организира тематски ден за туризмот на кој учесниците ќе ја истакнат улогата, ранливоста и потенцијалот на туристичкиот сектор во справувањето со климатските промени, наведуваат од Министерството за култура и туризам.

Настанот е во организација на Претседателството на КОП29 / Државната агенција за туризам на Република Азербејџан во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите Нации и со поддршка на Програмата за животна средина на Обединетите Нации. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан