• вторник, 05 ноември 2024

Советот за безбедност на ОН денеска одлучува за американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН денеска одлучува за американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Њујорк, 22 март 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата на САД со која се бара итен прекин на огнот во Газа и договор за заложници меѓу Израел и Хамас.

Со тоа, САД ќе го зголемат притисокот врз Израел, со цел да дозволат поголема хуманитарна помош и подобро да ги заштитат цивилите во Појасот Газа, кои секојдневно се бомбардирани.

Портпаролот на американската мисија во ОН, Нејт Еванс, рече дека резолуцијата е резултат на многу рунди консултации со претставниците на земјите-членки на Советот.

Резолуцијата означува заострување на ставот на Вашингтон кон Израел.

Американците во минатото не сакаа да повикаат на прекин на огнот и ставија вето на мерките што вклучуваа повици за итен прекин на огнот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изминативе денови имаше средби со министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, Катар и Јордан. Блинкен лобира на Блискиот Исток токму за тоа што денеска ќе биде на дневен ред на Советот за безбедност на ОН.

- Ние всушност имаме резолуција што ја претставивме токму сега пред Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците и се надеваме дека земјите ќе го поддржат тоа, изјави во средата Блинкен во Саудиска Арабија. .

- Мислам дека тоа би испратило силна порака, силен сигнал, потенцираше американскиот дипломат.

Повеќе од една третина од демократите во Сенатот ја повикаа администрацијата на Бајден да преземе храбри чекори кон воспоставување палестинска држава во најновиот притисок против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ссм/

фото: архива

Остани поврзан