• вторник, 24 декември 2024

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за резултатите од мировниот самит во Швајцарија

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за резултатите од мировниот самит во Швајцарија

Њујорк, 18 јуни 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за ситуацијата во Украина во врска со руската војна и резултатите од Самитот за мир што се одржа минатиот викенд во Швајцарија.

Состанокот ќе започне во 21 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на ОН.

Свикувањето на Советот за безбедност го иницираа САД и Словенија, кои се консултираа со украинската делегација. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан