• петок, 05 декември 2025

Собрани околу 30 крвни единици на крводарителска акција во Општина Илинден

Собрани околу 30 крвни единици на крводарителска акција во Општина Илинден

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - Собрани околу 30 крвни единици на крводарителска акција во Општина Илинден организирана по повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на општината „Илинден - 2 Август”.

Како што информираат од прес-службата на Општина Илинден, акцијата се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. 

-На акцијата која почна во 09:00 часот и траеше до 14 часот собрани се околу 30 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа. Дополнително крводатителската акција ја поддржа општествено одговорната компанија Нелт, пришто на секој крводарител им подари пакетче со производи, посочуваат од Општина Илинден. фф/вг/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан