Собраниска делегација положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев и Методија Андонов-Ченто
- Собраниска делегација денеска по повод Илинден положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и пред Споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и Споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Собраниска делегација денеска по повод Илинден положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и пред Споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и Споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“.
Собраниската делегација беше предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, а во нејзин состав беа и Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ. бак/
Фото: Собрание